Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Детската градинка „Јасна Ристеска“ одбележува 60 години постоење

Охрид, 7. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Детската градинка „Јасна Ристеска“ денес, на Денот на ослободувањето на Охрид, 7. Ноември, одбележува значаен јубилеј, 60 години од основањето.

Во изминативе шест децении во претшколската установа биле згрижени и израснале голем број деца.

– Градинката е средина во која децата се формираат како здрави личности, кои стекнуваат вештини, способности, навики, другарувања преку воспитно-згрижувачкиот процес. Тимот кој се грижи секојдневно за нашите дечиња, години работи посветено, со многу внимание, љубов и мотивација. Чест и задоволство е да се биде дел од установа како детската градинка „Јасна Ристеска“, вели за Супер радио и OhridPress директорката Ирина Милеска.

По повод патрониот празник на градинката предвидени се низа активности.

Вчера беше промовирана книгата „Детска градинка Јасна Ристеска“ од авторот и промотор д-р. Никола Митровиќ.

Денес во селото Рамне ќе биде положено свежо цвеќе пред бистата на Јасна Ристеска. Ќе настапат дечињата од објект „Развигорче“ од 4 до 5 годишна возраст со стихотворбата „Празнична песна“. Во 12:00 часот во објект „Централна“ ќе се оддржи заедничка средба со вработените и пензионерите од детската градинка.

Вечерва од 17:00 до 19:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се оддржи свечена приредба од дечињата на возраст од 5 до 6 години. На приредбата учествуваат 294 дечиња заедно со воспитните тимови. Оваа година тема на приредбата е „Охридска староградска песна“

Инаку, младата партизанка Јасна Ристеска, чие име го носи градинката, родум е од селото Рамне и пред 79 години, на 7-ми ноември 1944 година била меѓу борците кои се бореле и ги положиле своите животи за слободен Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука