Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Се запали возило на патниот правец Охрид-Кичево, кај селото Арбиново (Фото)

Охрид, 8. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утрово, нешто по 07:30 часот се запали возило на патниот правец Охрид-Кичево.

Според првичните, неофицијални информации, незгодата се случила во близина на селото Арбиново, а станува збор за возило марка „BMW“ со италијански регистарски таблички, управувано од македонски државјанин. Во сообраќајката нема повредени лица, а е причинета поголема материјална штета.

Екипа на охридската противпожарна единица интервенираше со едно возило и успешно го изгасна пожарот.

Повеќе информации од СВР Охрид најавуваат за во текот на денешниот ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ТППЕ Охрид – Пожарна

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука