Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Премиерот Ковачевски изјави дека 11 свлечишта ја одолговлекувале изградбата на автопатот Охрид-Кичево, а министерот Бочварски не бил одговорен

Охрид, 8. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека нови 11 свлечишта ја одолговлекуваат изградбата на патот од Кичево до Охрид на премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски и дека министерот Бочварски не бил одговорен за тоа е помеѓу најкоментираните на Facebook профилот на OhridPress.

Тој отвори дилема дали кинескиот изведувач и неговите подизведувачи имаат капацитет да го завршат овој проект и дека тоа ќе биде предмет на анализа која што во моментов ја прави државната фирма за патишта. Истакна дека има ревизија во однос на финансиските аспекти и во однос на процедуралните аспекти.

– Ќе биде повикан експерт за начинот на изведување на проектот. Министерството за транспорт и врски врши две анализи. Истовремено експертот ќе треба да даде кои се ефектите за начините на кои би се продолжило или би се прекинала соработката. Собранието го има изгласано договорот и сите анекси. Ќе биде предложена одлука пред пратениците бидејќи со закон ја задолжиле Владата да работи со овој изведувач од Кина. Собранието мора да ја направи промената, доколку ја има. Секоја промена значи промена на законското решение, рече премиерот.

Тој напомена дека одговорноста е на Министерството за транспорт и врски, но Договорот за проектирање на автопатот бил одговорност на проектантските куќи кои што го направиле договорот како и изведувачот.


Читателите на OhridPress се видно револтирани и бараат да се изнајде максимално брзо решение и конечно да заврши изградбата на овој патен правец, на кој годиниве наназад е зголемен за неколку пати бројот на соообраќајни незгоди, од кои дел и со трагични последици. Граѓаните реагираат на доцнењето во изградбата на патот, а дел се сомневаат во најавената динамика, пред се’ поради бројките на ангажирани работници и работни машини и бараат итно завршување на работите. Дел прашуваат дали ќе има одговорност за „несреќниот“ проект и каде се’ завршија потрошените пари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука