Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Приведени двајца охриѓани кај кои полицијата пронајде „зелена тревкаста растителна материја“

Кичево/Охрид, 11. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти ноември 2023 година, во 21:45 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, во близина на деловен објект лоциран на магистралниот пат Гостивар-Кичево, лишија од слобода две лица од Охрид.

– При преглед на патничкиот автомобил со кој се превезувале, пронајдена и одземена е зелена тревкаста растителна материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука