Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Одличен настап на Бојан Велевски синоќа во Охрид

Охрид, 12. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Пред преполна сала, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа големиот стенд ап настан на Бојан Велевски.

– Во времиња кога постојано и од сит страни сме „бомбардирани“ со негативни вести, вакви настани се и повеќе од потребни, коментираа охриѓани по настанот, за кој билетите беа распродадени во рекорден период.

Стендап турнејата е насловена „Све ли ја да мислам“, по текст на популарниот Божидар Божиновски- Моџо. Започна од Прилеп, по што следуваа Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Битола, Куманово, Тетово и Штип. На овие настани подготвената програма веќе ја видоа над 5.000 луѓе. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука