Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

АВМУ: Слободата на изразување е уставно гарантирана категорија и како таква е неприкосновена

Скопје, 12. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Слободата на изразување е уставно гарантирана категорија и како таква е неприкосновена, потенцираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во врска со судската пресуда донесена од судијката Јованка Спировска Панева во случајот „Фероинвест против ИРЛ“, за сторијата „Заговор против воздухот“.

– Оваа слобода може да биде ограничена само во одредени, точно определени случаи кога се загрозува јавната безбедност и мир, јавното здравје и слично. Граѓаните имаат право да бидат објективно, навремено и точно информирани за сите прашања кои се од исклучителна важност и се однесуваат на јавниот интерес и остварувањето на ова право треба да биде поттикнувано и охрабрувано од сите релевантни чинители во општеството, стои во реакцијата.

Од АВМУ додаваат дека објавувањето уреднички обликувани содржини, во кои не се прекршени професионалните новинарски стандарди кои притоа се емитувани и на јавниот сервис е во насока на остварување на слободата на говор и слободата на информирање и зачувувањето на интересот на граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука