Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на декември

Скопје, 15. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на годинава.

Владата на вчерашната седница, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки.
Со истата се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало.

Согласно владината одлука, вака утврдената највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30-ти ноември, ќе се применува до 31-ви декември 2023 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука