Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР за утре најавува значителна промена на времето, во Охрид температура до 14. степени

Скопје/Охрид, 16. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утре ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

– Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет, стои во информацијата.

За регионот на Охрид се најавува променливо облачно време со повремени сончеви периоди и услови за локален дожд во попладневните часови. Утринската ќе биде околу 7. степени, а максималната температура во Охрид се очекува да се искачи до 14. степени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука