Забава Избор

YouTube ќе ги означува видеата создадени со помош на вештачка интелигенција

Охрид, 16. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од YouTube потврдија дека ќе биде воведен задолжителен систем за означување на содржините создадени со помош на вештачка интелигенција.

Гигантот за видео стриминг го објави ова на својот блог, без да дефинира кога ќе стапи на сила промената на нивната политика.

Според соопштението, од корисниците ќе биде побарано да откријат дали вештачката интелигенција била вклучена во нивните проекти „во текот на наредните месеци“. Работата од овој вид која се смета за „реална“ ќе треба да се означи, иако не е јасно како тоа ќе се дефинира. Системот ќе се применува на видеа со која било должина, вклучително и кратките видеа на YouTube. Од креаторите ќе биде побарано да објаснат дали вештачката интелигенција била вклучена при поставувањето содржини, а секој што ќе се открие дека додава креации со вештачка интелигенција на нивниот канал без да го објави тоа, ќе се соочи со суспензија или други казни.

Овој потег е првенствено за да се справат со заканата од лажните видеа, кои прикажуваат работи што не се случиле во реалниот живот. Претходно бројни јавни личности од висок профил, „се појавија“ во ваков тип на содржина.

– Кога креаторите поставуваат содржина, ќе имаме опции што тие ќе ги изберат за да укажат дека содржи реалистичен изменет или синтетички материјал, пишува на блогот на YouTube. „На пример, ова може да биде видео генерирано со вештачка интелигенција што реално прикажува настан што никогаш не се случил, или содржина која покажува дека некој кажува или прави нешто што всушност не го направил.“

– Ова е особено важно во случаите кога содржината се однесуваб на некоја чувствителна тема, како што се изборите, тековните конфликти и кризите во јавното здравје или јавните службеници, стои во објавата. „Ќе се додаде нова етикета на панелот за опис што ќе означува дека дел од содржината е изменета или синтетичка.“

YouTube, исто така, објави дека има намера да се справи со објавувањето музика креирана со помош на вештачка интелигенција, фокусирајќи се на песни кои го имитираат гласот на одреден изведувач.

– Исто така, воведуваме можност за нашите музички партнери да бараат отстранување на музички содржини генерирани со вештачка интелигенција што го имитира уникатниот глас на изведувачот за пеење или рапување. Во одредувањето дали да го одобриме барањето за отстранување, ние ќе ги разгледаме факторите како што се дали содржината е предмет на известување за вести, анализа или критика на синтетичкиот вокал… Овие барања за отстранување ќе бидат достапни за етикетите или дистрибутерите кои ги претставуваат уметниците и кои учествуваат во раните музички експерименти со вештачка интелигенција, стои во објавата на YouTube.

Целосниот блог на YouTube можете да го прочитате овде. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука