Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Свети Маченик Валериј

Охрид, 20. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го одбележуваат споменот на Светиот маченик Валериј.

Тој пострада заедно со уште 32 други маченици, во Ерменскиот град Митилина, во времето на прогонот на императорот Диоклецијан, во 298 година. Императорите беа усрдни поклоници на идолите и гонители на христијаните.

Кога до нивните уши дојде веста дека жителите на Ерменија и Кападокија, и покрај заповедите на императорот, одбиваат да им се поклонат на идолите, тогаш тие пратија двајца лукави и предадени на идолопоклонството војници, да ги истребат сите христијани таму.

Пратените војници точно ја исполнија волјата на императорот и ги казнија сите христијани што ги најдоа, отсекувајќи им ги главите. Помеѓу мачениците беше и светиот Валериј. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука