Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 12. степени

Охрид, 22. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.

– До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Значителна промена на времето ќе има во сабота кога ќе има пообилни врнежи од дожд, (локално и над 25 l/m2), а попладне ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Ќе дува засилен северен ветер и температурите позначително ќе опаднат, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука