Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГКК Охрид го пречекува Феникс, натпреварот ќе има хуманитарен карактер

Охрид, 22. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридските кошаркари следниот прволигашки натпревар го играат пред своја публика.

Во рамки на 9-то коло на домашен терен ја пречекуваат екипата на Феникс.

Овој натпревар ќе има хуманитарен карактер, собраните средства од влезните билети ќе бидат донирани за 22 годишниот Петар Попоски од Охрид кој боледува од ретка болест и потребна му е хируршка интервенција.
– Охриѓани да бидеме хумани како и секогаш и да му помогнеме на ова младо момче, порачуваат од клубот.

Натпреварот ќе се одигра на 26-ти ноември (недела) во салата „Билјанини извори“ од 18:00 часот, а влезница чини 100 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука