Забава Избор ТОП ВЕСТИ

YouTube каналот на охридскиот гитарски виртуоз Дамјан Пејчиноски со повеќе од 80 илјади следачи

Охрид, 26. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од 80 илјади луѓе ширум светот редовно ги следат објавите на YouTube каналот на охридскиот гитарски виртуоз Дамјан Пејчиноски.

– Ви благодарам за континуираната поддршка во текот на сите овие години, напиша Дамјан на својот профил на Facebook.

Дамјан Печиновски важи за еден од најдобрите гитаристи на домашната сцена. Неговото богато музичко искуство стекнато со многу странски настапи е потврда дека Република Македонија има сериозни музички таленти кои можат да се носат рамо до рамо со големите светски имиња. На сцената секогаш плени со својата самодоверба, зрелост и неверојатен слух и техника за гитара.

Со гитарата другарува од својата шеста година, но вистинскиот интерес се пројавил во тинејџерските денови. Има членувано во составите „Ворнинг“, „Абракадабра“ и „Џамп старт“. Во 2002 година на реномираниот фестивал „Рок-фест“ беше прогласен за најдобар гитарист, а наградата – гитара „Јамаха“ лично му ja додели маестро Влатко Стефановски. Во декември 2016 година, Пејчиноски ја доби титулата Доцент на Музичката Академија во Скопје.

Повеќе за Дамјан на OhridPress ОВДЕ, а неговиот YouTube канал можете да го посетите ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: YouTube/damjanpejcinoski

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука