Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

ГКК „Охрид“ денеска го пречекува Феникс, натпреварот ќе има и хуманитарен карактер за помош на 22-годишниот Петар Попоски од Охрид

Охрид, 26. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридските кошаркари денеска на домашен терен го играат прволигашкиот натпревар од 9-то коло против екипата на Феникс.

Овој натпревар ќе има хуманитарен карактер, собраните средства од влезните билети ќе бидат донирани за 22-годишниот Петар Попоски од Охрид кој боледува од ретка болест и потребна му е хируршка интервенција.

– Охриѓани да бидеме хумани како и секогаш и да му помогнеме на ова младо момче, порачуваат од клубот.

Натпреварот ќе се игра о салата „Билјанини извори“ од 18:00 часот, а влезниците се продаваат по цена од 100 денари.

Сите кои се во можност можат да донираат за помош на Петар на следните начини:

Број на трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска

HALKBANK IBAN:MK07270700082176215

SWIFT:EXPCMK22

Телефонски броеви за донации:

А1 – 143460

Телеком 143 128. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука