Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Утрово во Охрид измерени -7 степени

Скопје/Охрид, 27. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во 07:30 часот утрово најниска температура од 10 степени под нулата е измерена во Битола, Берово, Попова Шапка и Маврови Анови, информираат од УХМР.

Осум степени под нулата се измерени во Прилеп, Дебар и Крушево, -7 во Охрид, -6 степени во Тетово, Крива Паланка и Демир Капија, -5 во Скопје кај Петровец, Велес, Кавадарци и Претор, -4 степени во Струмица и Штип, -3 во Скопје кај Зајчев Рид, Куманово и Виница и -2 во Дојран и Гевгелија.

Највисока снежна покривка од 20 сантиметри утрово е измерена во Ѓуриште, 19 см во Пожаране, 18 во Дебар, 16 во Маврови Анови, 14 во Битола, 13 во Берово и Крушево, 12 во Крива Паланка и 7 сантиметри во Прилеп.

Денеска не очекува сончево и студено време, во западните делови со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од снег. Максималната температура ќе се искачи до 3. степени.

– Под влијание на нов влажен бран од денес во ноќните часови, утре во текот на целиот ден и во среда наутро се очекуваат нови врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а на пониските места од дожд. Во западните делови ќе има пообилни врнежи (локално над 25 l/m2), a снежната покривка на планините на северозапад ќе се зголеми за 10 до 15 cm. Утре ќе дува засилен јужен ветер. Дневната температура во следните денови ќе биде во пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука