Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ (10:55h): Укината забраната за тешки товарни возила преку планинскиот превој „Стража“

Скопје/Охрид, 28. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија.

Во 10:30 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој „Стража“. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Тетово и на Попова Шапка, а во Гостивар и на планинските превои „Стража“ и „Пресека“ врнежите се од дожд и снег.

Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука