Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Обука „Вовед во еколошка корупција“ во Охрид

Охрид, 28. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Здружението на граѓани „Флоризон“ – Центар за еколошка демократија Скопје, од 27-ми до 29 -ти ноември, во Охрид се одржува обука „Вовед во еколошка корупција“.

Целта на обуката е да се унапредат постоечките капацитети за препознавање и справување со ризиците од корпуција во областа на животната средина. Целна група на обуката се претставниците на основните судови, јавното обвинителство, граѓанските организации, младите, претставниците на институциите надлежни да развој и имплементација на анти-коруптивните политики во областа на животната средина и претставниците на локалната самоуправа.

– Обуката се проведува во рамките на проектот „Механизам за превенција од корупција“, чија главна цел е да даде придонес во борбата против корупцијата преку воспоставување соработка и партнерство помеѓу граѓаните и клучните антикорупциски институции и нивните соодветни тела. Очекувани резултати од проектот се: зголемено влијание и зајакната улога на граѓанското општество во креирањето спроведувањето на јавните политики, создадена овомозможувачка средина за локалните конституенти во адресирањето на копрупцијата во животната средина и зајакната јавна свест за импликациите на корупцијата врз животната средина, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука