Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 11. степени

Охрид, 29. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и услови за локални врнежи од дожд попладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– Во следните три дена времето ќе биде стабилно, утре со појава на магла по котлините. Во петок и сабота ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и топење на снежната покривка, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука