Забава Избор

ДНК и Врчак по 15 годишна пауза ја снимија одличната „Посреќна“

Охрид, 29. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Панчо и Андреј од дуото ДНК, по пауза од полни 15 години повторно снимија заедничка песна со нивниот голем пријател и соработник Раде Врчаковски- Врчак.

Песната се вика „Посреќна“, а музиката е дело на Панчо и Лазар Цветковски, додека за текстот се погрижија Панчо и Врчак.

Дополнителна убавина на видео записот, снимен во Белград му дава и преубавиот модел Елена Ѓоргоска. Во спотот се појавува и Врчак и според многумина станува збор за уште една песна која ќе се врти многу во периодот кој е пред нас.

Враќањето на Врчак на музичката сцена беше повеќе пати најавувано и оправдано очекувано, затоа што се работи за исклучително талентиран музичар, кој своевремено постави сериозни стандарди во RNB музиката на овие простори. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука