Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Над 15 лица пријавени за обука за личен асистент на лица со попреченост

Охрид, 30. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од 15 лица се пријавиле за следење на втората обука за личен асистент на лица со попреченост, организирана од Црвен крст Охрид.

Претседателот на организацијата Сашо Точков за Супер радио и OhridPress информира дека обуката ќе започне од следната недела.

– Црвен крст е овластена организација за спроведување на обуки за aсистенти на лица со попреченост во Охрид и Дебрца. Обука организираме по втор пат, содржи теоретски и практичен дел, во времетраење од два месеци. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник и дефектолог), вели Точков.

По успешно завршената обука кандидатите ќе се стекнат со соодветен сертификат за личен асистент на лица со попреченост и ќе добијат можност за платен, работен ангажман во Нега центарот на охридскиот Црвен крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука