Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 16. степени

Охрид, 1. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

– Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец што ќе услови дополнително зголемување на дневната температура и забрзано топење на преостанатата снежна покривка. Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен и ќе засилува. Од понеделник температурата повторно ќе се намали, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука