Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Свети пророк Авдиј

Охрид, 2. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети пророк Авдиј.

Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живееше во дворецот на царот Ахав, но кога царот отстапи од вистинското Богопочитување и им се поклони на идолите, Авдиј не тргна по примерот на царот, туку продолжи да му служи на единствениот вистински Бог.

А кога злобната царица Језавела заради пророкот Илија крена хајка на сите Божји пророци, Авдиј собра стотина од нив, ги скри во две пештери и ги хранеше до крајот (1 Царства 18, 4). Современик на големиот пророк Илија, Авдиј многу го почитуваше Илија и го слушаше во сè како негов следбеник и ученик.

Живееше 900 години пред Христа и се упокои мирно. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука