Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Теодора Митреска освои златен медал и пехар за најдобра јуниорка на „9th World King of TaeKwon Do“ купот во Солун

Охрид, 5. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Тројца натпреварувачи од Таеквон-до клубовите „Хва Ранг ИТФ“ и „Мастер“ од Охрид и „Сонкал“ од струшко Мислешево, ги бранеа боите на Република Македонија на Европскиот Таеквон-до ИТФ куп „9th World King of TaeKwon Do“ кој се одржа во Солун, Грција.

Купот важи за еден од најсилните вакви натпревари на светот и се одржа со учeство на 1.510 натпреварувачи од 117 клубови од 18 земји.

– Со само тројца натпреварувачи, сакавме да бидеме видени како федерација и за воспоставување добрососедски односи, не очекувајќи некаков успех. Сепак, секогаш одиме подготвни по секоја цена да дадеме се’ од нас, погазувајќи го мотото „важно е да се учествува“. Нашите натпреварувачи како и секогаш дадоја се од себе, повторно радувајќи не со неколку победи, но за жал Давид Крстески го повреди коленото и мораше да го прекине натпреварувањето, Владимир Димитриевиќ во првиот круг убедливо го победи домашниот претставник, додека во вториот круг падна со светски шампион и заслужено загуби. Херој на овај натпревар беше Теодора Митреска од охридскиот клуб „Мастер“, која освои златен медал и пехар за најдобра јуниорка во категоријата 16-17 години. Горди сме што имаме вакви натпреварувачи што даваат се’ од себе и не радуваат со успеси од врвни натпревари, вели претседателот на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација Марјанчо Лазаревски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука