Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ (06:09h): Внимателно кон Скопје, изменет режим на сообраќај во двата правци на делницата Тетово-Гостивар

Охрид, 6. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Започнувајќи од 05.12.2023 година ќе биде изменет режимот на сообраќај на државен пат А2, делница Тетово-Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се’ до завршување на градежните.

Започнувајќи од 11.12.2023 година ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат А3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се’ до завршување на градежните работи.

Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука