Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Свети Климент Охридски Чудотворец

Охрид, 8. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 ноември, денот кој православните верници го одбележуваат во чест на Св. Климент Охридски – Чудотворец.

Свети Климент се роди во Рим, а потекнуваше од царски род. Во младоста отпатува на Исток, каде што се запозна со верата во Христос. Учители му беа самите апостоли.

По враќањето во Рим беше избран за епископ во престолниот град. Подоцна, во времето на императорот Трајан, свети Климент беше протеран во Херсон, каде беше осуден на смрт и фрлен в море со камен околу вратот. Пострада за Христа во 101 година. Своевремено, неговите мошти ги пронајдоа светите браќа Кирил и Методиј и ги пренесоа во Рим.

Свети Климент Охридски го носеше своето име по углед на овој голем Христов светилник. Тој е родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник на Охрид бил назначен за прв словенски епископ на Балканот.

Овој ден е прогласен за Ден на свети Климент Охридски, патронен празник на Македонската православна црква. Во негова чест, во Република Македонија се доделува секоја година наградата „Св. Климент Охридски“ со која се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот и заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука