Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Сонце „со заби“ денеска во Охрид (Фото)

Охрид, 8. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сончевиот, но студен празничен ден, „измами“ повеќе граѓани денеска на прошетка по кејот во преубавиот Охрид.

Дел од нив ги исполнија угостителските објекти во центарот на градот, каде уживаа во кафе или топол чај.

Во градот се честа глетка и организираните групи туристи од целиот свет, кои ги посетуваат најпознатите локалитети и уживаат во убавините на древниот град.

Според метеоролозите, денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени.

– Во недела во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст, освен по котлините каде ќе има услови за појава на магла, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука