Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Состојбата станува се’ полоша: Уште колку ќе издржи охридското „Островче“? (Фото/Видео)

Охрид, 9. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата за состојбата во која се наоѓа охридското „Островче“, која станува секојдневно се’ полоша, деновиве е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

– Тажна е сликата деновиве за состојбата во која се наоѓа некогашата вистинска препознатливост на Охрид, а претставува и потенцијална опасност за граѓаните, стои во информацијата, во која заедно со фотографиите и видеото кои ги направија деновиве репортерите на Супер радио и OhridPress јасно се гледа состојбата во која е во моментов оваа локација.


Читателите на OhridPress потврдуваат дека состојбата е лоша и апелираат до одговорните да се најде решение за овој проблем. Потсетуваат дека Островчето е запишано во аналите и колективната историја на градот Охрид и буди многу спомени кај постарите граѓани. Во исто време, денешната состојба претставува и потенцијална опасност за сите лица, многу често и млади, кои го користат овој дел за прошетки и релаксација покрај езерото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука