Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Четворица пливачи од клубот „Акваспирит“ учествуваа на Националното зимско првенство во Скопје

Охрид, 9. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Четворица пливачи од охридскиот пливачки клуб „Акваспирит“ зедоа учество на Националното зимско првенство кое се одржа во Скопје.

– На Национално зимско првенство кое што се одржа на базенот „Борис Трајковски“ во Скопје учество зедоа четворица наши пливачи, натпреварувајќи се во дисциплината 50 метри слободно. Постигнати се следните резултати: Ања Гуџоска 43.98, Ана Апостолова 45.79, Симеон Јовановски Кацкаровски 38.31 и Ведран Томчов 33.35, информираат од клубот.

Додаваат дека и покрај немањето на основни услови за работа (покриен базен) ова е четврта година во континуитет каде што клубот зема учество на Националното првенство. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука