Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 8. степени

Охрид, 11. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид сончево време со мала до умерена облачност, која кон крајот на денот повторно ќе се зголеми.

Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Утре претпладне претежно во северните делови ќе има услови за локален дожд, а преку денот, како и во среда времето ќе биде стабилно со променлива облачност. Дневната температура до четврток ќе биде во пораст. Од четврток попладне до сабота се очекува влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во петок во текот на денот врнежите ќе преминат во снег и на повисоките, а во сабота и на некои од пониските места, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука