Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ИЈЗ: Пријавени 62 случаи на сезонски грип, во Охрид и натаму не се евидентирани заболени

Охрид/Скопје, 11. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 27-ми ноември до 3-ти декември во Република Македонија пријавени се 62 случаи на сезонски грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Заболените се пријавени од 12 ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 29, Битола – 11, Тетово – 6, Струмица – 5, а во Кичево, Кавадарци, Свети Николе, Берово, Куманово, Прилеп, Скопје и Радовиш бројот на пријавени е помал од 5. Во однос на возрасната дистрибуција, 27 лица се на возраст од 15-64 години, 19 кај деца на возраст
од 0-4 години, 14 кај деца на возраст од 5-14 години и 2 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години, стои во неделниот извештај.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 464. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 2,3 пати. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука