Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Граната М-57 пронајдена на планинска патека во атарот на селото Орман

Охрид, 11. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти декември 2023 година, во 14:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на планинска патека во атарот на охридското село Орман е пронајдена граната.

– Полициски службеници извршија увид и констатирано е дека се работи за артилериска метална граната М-57, која е безбедно подигната од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука