Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на пешачкиот премин кај хотел „Монтенегрин“, повреден велосипедист

Охрид, 11. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи на Булевар „Туристичка“, на пешачкиот премин кај хотел „Монтенегрин“.

Неофицијално, во незгодата која се случила нешто по 12:00 часот на страната од патот кај Градскиот пазар, учествувале патничко моторно возило марка Volkswagen со скопски регистерски таблички, кое удрило во велосипедист кој во моментот ја поминувал улицата.

Од СВР Охрид, чии екипи извршија увид на лице место најавуваат повеќе информации во текот на денешниот ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука