Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Република Македонија во октомври ја посетиле 67 илјади странски туристи

Скопје/Охрид, 13. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во октомври годинава во Република Македонија се евидентирани 94.165 туристи, од кои 27.257 се домашни, а 66.908 се странски, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Биле остварени 187.272, од кои 36.7 % се од домашните туристи, а 63.3 % од странските туристи

Најбројни биле туристите од Турција, Србија и Германија.

Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период од минатата година бројот на туристите е зголемен за 21.2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 0.1 %, а кај странските за 38.6 %.

Раст е евидентиран и во бројот на ноќевањата за 9.8 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските за 23.5 %. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука