Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ИЈЗ: Пријавени 87 случаи на сезонски грип, евидентирани први случаи на заболени и во Охрид

Охрид/Скопје, 15. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 4-ти до 10-ти декември во Република Македонија пријавени се 87 случаи на сезонски грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Заболените се пријавени од 13 ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар 49, Битола 8, Тетово 7, Куманово 5, а во Кичево, Кавадарци, Берово, Охрид, Прилеп, Скопје, Струмица, Гостивар и Радовиш бројот на пријавени е помал од 5. Во однос на возрасната дистрибуција, 38 лица се на возраст од 15 до 64 години, 28 кај деца на возраст од 0 до 4 години, 17 кај деца на возраст од 5 до 14 години и 4 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години, е наведено во неделниот извештај.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 551. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 86,8%. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука