декември 15, 2023

Охрид, 15. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рацете на талентираните ученици од Гимназијата „Свети Климент Охридски“ стигна печатената публикација „Средношколски размислувања 7“ на најталентираните средношколци од средните училишта во Македонија пријавени на Конкурсот за најдобри средношколски есеи од Меѓународниот Славјански Институт „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе.

– Есеите на нашите талентирани гимназијалци под менторство на м-р Перчо Божиновски, професор по Македонски јазик и литература, зрачат со оригиналност, креативност и визионерство на следниве теми: Ана Голабоска (IV-1) – Чекорењето кон животот, Наталија Секулоска (IV-1) – Во огледалото: сликата за нас самите, Кјара Лазаревска (IV-1) – Што научивме од грешките, Калина Јованоска (IV-2) – Јазикот наш денешен, Наталија Савеска (IV-2) – Во огледалото: сликата за нас самите и Што научивме од грешките
Тамара Трајческа (IV-1) – Жени лидери – жените во образованието, науката и бизнисот. Честитки за сите и уште многу успеси во иднина, информираат од Гимназијата „Свети Климент Охридски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука