Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ (16:18h): Поради обилни врнежи од снег забрана за товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Маврово

Охрид, 15. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Од 16:05 часот на патниот правец Гостивар-Стража-Маврово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за движење на товарни моторни возила. Од 14:10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука