Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ (06:45h): Укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража, слаби врнежи од снег на Буково и Ѓавато

Охрид, 16. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Од 05:00 часот е укината забраната за движење на тешки товарни моторни возила на патниот правец Гостивар-Стража. Слаби врнежи од снег има во Битола, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Буково, Ѓавато, Прилеп, Охрид, Крушево и Пресека. Појаки врнежи од снег има на Попова Шапка, Плетвар и Берово.

Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука