Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Свети пророк Софониј

Охрид, 16. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети пророк Софониј.

Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Јеремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Ниневејија, Јерусалим, Египет. Јерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички, во кого кнезовите се лавови што рикаат; судиите му се волци вечерни; пророците – фалбаџии, измамници; свештениците ја сквернат светоста, го изопачуваат законот“ (гл. 3).

Кога го проѕре времето на доаѓањето на Месијата, восхитено воскликна: „Пеј ќерко Сионска; ликувај Израиле; радувај се и весели се со сето срце, ќерко јерусалимска!“

Овој тајновидец се упокои во местото на своето раѓање, за да го чека општото воскресение и наградата од Бога. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука