Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 7. степени

Охрид, 18. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и студено утро, а преку денот се очекува сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.

– Ќе се задржи претежно сончево и стабилно со утрински температури во постепен пораст. Дневните температури утре и особено на поголемите височини ќе бидат над просекот за овој дел од годината, а потоа благо ќе опаѓаат. Во котлините наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска. Поголемо наоблачување се очекува кон крајот на работната недела, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука