Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на булевар „Железничка“: Повредени две, приведено едно лице

Охрид, 17. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти декември 2023 година, во 00:40 часот, на крстосницата на булеварот „Железничка“ со улицата „Будва“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 48-годишно лице од Охрид и патничко возило „Форд“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од 37-годишно лице од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило едно од лицата во возилото „Форд“, а кај второто, 42-годишниот сопатник во истото, во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид се констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, а возачот на „Мерцедесот“ бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука