Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Основниот суд Охрид објавува Јавен оглас за избор на 40 судии – поротници

Охрид, 18. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Основниот суд Охрид врз основа на чл. 42, 43 и 49 од Законот за судовите (Сл. Весник на РМ бр.58/06, 62/06, 35/08, 150/10, 84/18 и 198/18 и Сл. Весник бр.96/19) објавува Јавен оглас бр.3/23 за избор на 40 судии – поротници.

(1) Основниот суд во Охрид на Судскиот Совет на РМ ќе му предложи 40 кандидати за избор за судии – поротници за време од 4 години.
Заинтересираните кандидати за избор за судија – поротник потребно е да ги исполнуваат условите предвидени во чл.42 ст.2 од Законот за судовите (Сл. Весник на РМ бр. 58/06, 62/06, 35/08, 150/10, 84/18 и 198/18 и Сл. Весник бр.96/19), и тоа:

(2) За судија – поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Македонија со:

– завршено најмалку средно образование,
– кој активно го владее македонскиот јазик,
– ужива углед за вршење на оваа функција и
– кој не е постар од 60 години.

(3) Судијата поротник за судење на малолетници се избира од редот на лица со искуство во воспитанието и образованието на млади.

За судија – поротник НЕ може да биде избрано лице кое:

– со судијата или судијата – поротник во ИСТИОТ суд е во сродство во – права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар,
– ниту лице кое со член на Судскиот Совет на РМ е во сродство во права линија или во странична линија до трети степен или е негов брачен другар.

Заинтересираните кандидати потребно е кон пријавата (која можат да ја подигнат на приемната писарница или да ја симнат од web страната на судот) да приложат, во оригинал или копии во заверен препис на нотар:

– Уверение за државјанство;
– Уверение за завршено образование;
– Потврда од казнена евиденција;
– Изјава (заверена на нотар) дека кандидатот со судија или судија – поротник во Основниот суд во Охрид и со член на Судскиот Совет не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

Кандидатите, документите да ги достават до Основен суд Охрид, улица „Македонски Просветители“ бр.8, Охрид, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот (13.12.2023 година). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука