Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Опожарен патнички автомобил „Мерцедес“ на регионалниот пат Охрид-Св. Наум

Охрид, 18. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти декември 2023 година, во 19:37 часот во СВР Охрид е пријавено дека во возило марка „Мерцедес“ со албански национални ознаки, кое се движело на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, а го управувало 31-годишно лице од Република Албанија, настанал пожар.

– Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука