Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

МОН го објави јавниот повик за парична поддршка за основци и средношколци

Скопје, 19. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за образование и наука (МОН) го објави јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари.

– Се повикуваат сите ученици во основното и средното образование кои ги исполнуваат следните услови да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните, односно средните училишта: Да се државјани на Република Македонија; Да се редовни ученици во основното, односно средното образование; Да се ученици чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари, е наведено во повикот.

Кандидатите треба да се пријават во училиштето во кое ученикот е запишан. При пријавувањето треба да ги пополнат обрасците за:
– основно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател;
– средно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател.

Потребни документи:
– Копија од трансакциска сметка на еден родител/старател подносител на пријавата
– Потврда од работодавачот за последно исплатена нето плата на двајцата родители/старатели
– Доколку е дете на починат родител доказ-извод од книгата на умрените и последен чек од пензија
– Доколку е дете од разведени родители доказ-решение од правосилна судска пресуда
– Доколку е дете на родител пензионер доказ –последен чек од пензија
– Доколку е дете на невработен родител доказ- потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија дека е невработено лице кое не прима паричен надоместок или прима паричен надоместок со наведена сума на паричниот надоместокот
– Изјава од другиот родител/старател за давање согласност, подносител на пријавата да биде таткото/старател, односно мајката/старателка за користење на финансиска поддршка во износ од 1 800 денари за учениците од средното образование, односно 1 200 за учениците во основното образование чие семејство има вкупни месечни приходи од нето плата до 50 000 денари.

Рокот за пријавување е заклучно со 24-ти декември 2023 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука