Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со локални врнежи од дожд и температура до 7. степени

Охрид, 22. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.

– Утре ќе настапи стабилизирање на времето и вдолж Повардарието ќе дува повремено засилен северозападен ветер, а во западните делови засилен западен ветер. Од недела следува период на тивко време со појава на магла во котлините. Ќе биде релативно топло, освен по котлините со магла. Од понеделник условите за магла ќе се зголемат, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука