Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ (06:23h): Слаби врнежи од дожд и снег на Стража и Пресека

Охрид, 22. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Врнежи од снег, со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, а во Куманово, Берово и на планинските премини Стража и Пресека се бележат послаби врнежи од дожд и снег. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во Кичево.

Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука