Забава Избор

Балкан и се’ е можно: Вработените од градинка во Беране поставиле макета на директорката Вера со посвета и пофалби

Беране, 22. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градинката „Радмила Недиќ“ во градот Беране, Црна Гора, доби макета од директорката Марина Гојковиќ во природна големина и со посвета, која, како што наведуваат локалните медиуми, ја поставиле вработените.

– Драга директорке, сакаме да Ви изразиме искрено почитување и благодарност за Вашето водење на градинката со извонредна стручност и посветеност. Вашата визија и водење се инспиративни за сите нас, стои во посветата.

Веста ја објави порталот Berane online, за кој директорката истакнала дека „ја нарушил интимата на градинката и предизвикале медиумско внимание“.

Таа најавила тужба и порачала дека „еден убаво осмислен гест од вработените бил искористен на негативен начин“. (Крај)

извор: blic.rs фото: blic.rs

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука