Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Започна зимата, денот е најкраток, а ноќта најдолга

Охрид, 22. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Зимата во Република Македонија и на северната хемисфера на Земјата календарски започна ноќеска во 04:27 часот. Во истовреме на јужната Земјина полутопка започна летото.

Денот на доаѓањето на зимата е познат и како зимска краткоденица, односно денот е најкраток, а ноќта најдолга. Од денеска ноќите постепено ќе стануваат пократка, а деновите подолги. Петок, 22-ри декември, е 358-иот ден во 2023 година. До крајот на годината остануваат уште девет дена. Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 39 минути, до 20 март 2024 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Синоптичарите за денеска во Охрид најавуваат променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.

– Утре ќе настапи стабилизирање на времето и вдолж Повардарието ќе дува повремено засилен северозападен ветер, а во западните делови засилен западен ветер. Од недела следува период на тивко време со појава на магла во котлините. Ќе биде релативно топло, освен по котлините со магла. Од понеделник условите за магла ќе се зголемат, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука