Охрид, 22. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, на 27-ми декември 2023 година, Охридскиот Народен театар гостува во Кичево со комедијата „Несфатената цивилизација“, во режија на Софија Ристевска Петрушева.
– Станува збор за претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. Комедија, што преминува во гротеска и иронија, која прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест, информираат од Народен Театар Охрид.
Играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.
Претставата ќе се игра во НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево со почеток во 19:30 часот. Билетите се продаваат по цена од 200 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива