Избор Култура ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Традиционален новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“

Охрид, 22. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид во вторник, 26-ти декември ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт.

Учениците од сите класи, поддржани од нивните ментори, ќе покажат што научиле во текот на годинава. Музичко – сценскиот перформанс годинава е инспириран од светот на Дизни.

Концертот ќе се одржи во Дијамантската сала на хотелот „Инекс” со почеток во 19:00 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука