Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ (15:05h): Забрана за движење на товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража

Охрид, 22. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Од 14:55 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец Гостивар-Стража. Од 14:20 часот, патниот правец Кочани-Виница и обратно е затворен за сообраќај поради случена сообраќајна незгода.

Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука